Приштина бара од Швајцарија информации за наводите дека српски служби планирале да го убијат Дик Марти

Од:

Косовските безбедносни институции побарале информации од Швајцарија во врска со наводите дека тајни служби на Србија планирале да го убијат поранешниот специјален известувач за Косово во Обединетите нации по војната во 1998-99 година, Дик Марти, со цел за тоа да ги обвинат косовските Албанци, јави дописникот на МИА од Приштина.

Беким Купина, советник на претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави за ТВ Коха дека официјална Приштина е во очекување на информации од Швајцарија, откако тамошните медиуми објавија дека Марти е под специјална полициска заштите поради сознанијата дека му е загрозен животот од одредени српски служби.

– Претседателката Османи ги контактира безбедносните институции и побара од нив веднаш да обезбедат официјална информација од швајцарските власти за планот на српските разузнувачки агенции за елиминарење на пранешниот швајцарски сенатор Дик Марти. Поради чувствителноста на случајот, претседателката ќе се огласи повторно откако ќе добие официјални информации од швајцарската држава, ијави Купина.

Косовските медиуми деновиве ги пренесоа информациите објавени во швајцарски гласила дека Марти веќе 16 месеци е под специјален третман и силни заштитни мерки, поради информации дека од страна на српски служби било планирано тој да се убие и потоа за неговото убиство да се обвинат Албанците.

Српската Безбедносна информативна агенција (БИА), според медиумите во Белград, ги негирала наводите дека планирала убиство на Марти и тврди дека наводниот документ со закани по неговиот живот, кој дошол во посед на швајцарските разузнавачки служби, е напишан од британски тајни служби.

Меѓу косовските Албанци Марти ужива негативен публицитет, поради неговиот извештај до ООН дека има индиции оти, за време на војната во 1998-99 година, Ослободителната војска на Косово организирала трговија со човечки органи, кои биле вадени од воени заробеници и од цивили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски