Пријава на винарите од регионот за првиот саем за вино Отворен Балкан во Белград во септември

Од:

Стопанската комора на Србија (ПКС) ги покани производителите на вино и винариите од целиот регион да се пријават за учество на Првиот меѓународен саем за вино „Wine Vision by Open Balkan“, јави дописникот на МИА од Белград.

dobivaj vesti na viber

Пријавувањата се до 11 јули, а саемот на вино ќе се одржи од 1 до 4 септември во Белград под покровителство на иницијативата Отворен Балкан.

-Чест ни е и задоволство да ве поканиме на „Wine Vision by Open Balkan“, првиот меѓународен саем за вино организиран од партнерските земји-основачи на иницијативата Отворен Балкан – Србија, Северна Македонија и Албанија, кој ќе се одржи во Белград од 1. до 04.09.2022 година, се наведува во соопштението на ПКС.

Оваа манифестација е идеална можност за производителите на вино и винариите од целиот регион да се претстават пред најшироката публика и со тоа да обезбедат уште поголема видливост на пазарот. Исто така, ова е можност за сите изложувачи да се сретнат, да ги споделат своите искуства и да се поврзат со дистрибутери и претставници на комплементарни индустрии.

Како што се наведува во повикот на Стопанската комора на Србија, крајниот рок за пријавување на излагачите е 11 јули 2022 година, а за учество на Саемот можете да се пријавите со испраќање на формуларот за апликација на: [email protected]

Организатори се земјите-основачки партнери на иницијативата Отворен Балкан – Србија, Северна Македонија и Албанија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Работа за граѓаните на земјите од Отворен Балкан без визи и работни дозволи

Горан Наумовски

Бочварски-Момировиќ: Го забрзавме протокот на стока и патници на ГП Табановце

Ана Ололовска

Хоџај: Косово треба да се однесува конструктивно и да стане дел од Отворен Балкан

Онлајн состанок на лидерите на Отворен Балкан: Нашата соработка е конкретна, за силен економски регион подготвен за членство во ЕУ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Вучиќ: Сит сум од игрите на ЕУ, ги поддржавме нашите пријатели

Катерина Павлова-Николовска

Рама: Албанија заради Отворен Балкан ќе ги укине сите царински такси за Косово

Ана Ололовска