Превентивно се евакуираат куќи поради пожар во близина на Атина

Од:

Голем пожар изби околу 13:30 часот по локално време во областа Саронида во источниот дел на регионот Атика на околу 50 километри од центарот на Атина, а со одлука на противпожарната служба се евакуираат домови што се наоѓаат во близина.

Станува збор за област што не е густо населена, но има куќи што се наоѓаат во близина на пожарот.

Од надлежната општина, преку „Фејсбук“ упатија апел до граѓаните што се во близина на пожарот да ги напуштат домовите, а според грчките медиуми од бројот за итни случаи 112 била испратена порака до жителите на областа во која што изби пожарот.

Апел за евакуација, преку грчката телевизија Скај испрати и градоначалникот на Сароникос, општината во која припаѓа Саронида.

-Ветерот е силен, со многу голем интензитет, пожарот гори и во населени делови. Ве молам помогнете ни и кажете да се евакуира областа, рече градоначалникот на Сароникос, Петрос Филипу, говорејќи за грчката телевизија „Скај“.

Со одлука на грчката полиција, затворен за сообраќај е дел од булеварот Атина – Сунио што поминува низ населбата зафатена од пожарот.

Во справувањето со огнените јазици учествуваат 42 пожарникари со 19 возила и четири хеликоптери од кои еден е за координација.

Во поширокиот дел на Атина, дува силен ветер што дополнително го отежнува гаснењето на пожарот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Пожарот над тетовско Селце надминува два километри линија на оган, пожарната и НП апелираат за помош од државните институции