Претставничкиот дом на БиХ изгласа два клучни закони за пристапување кон ЕУ

Од:

Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина изгласа два закони, клучни за добивање кандидатски статус за членство во Европската унија – законите за спречување на судир на интереси и за висок судски и обвинителски совет.

„Претставничкиот дом ја известува Делегацијата на ЕУ во БиХ дека ги усвои Предлог законот за спречување судир на интереси во институциите во БиХ и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за висок судски и обвинителски совет откако претходно го усвои Предлог законот за јавни набавки, и дека ги проследи до Домот на народите со барање за итно постапување и бара од ЕУ институциите БиХ да добие кандидатски статус за членство во ЕУ“, се вели во заклучокот.

Законите, за да стапат на сила, мора да добијат поддршка и во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски