Претседателски и нови парламентарни избори во Бугарија на 14 ноември

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев најави дека ќе го распушти 46. Народно собрание што е можно поскоро во согласност со процедурата и Уставот. Претседателските и предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември.

Според Радев, изборите во формат „2 во 1“ ќе заштедат државни трошоци и време на гласачите.

Тој не коментираше дали ќе направи промени во привремената влада во Бугарија, како што тоа му го овозможува Уставот на земјата.

Радев рече дека е жесток поддржувач на надпартискиот договор и ќе смета на поддршката од сите угледни бугарски граѓани.

Тој смета дека оваа изборна кампања во Бугарија ќе биде уште еден водич за бугарските гласачи за тоа кои партии и политичари работат за иднината и кои ги бранат корупциските шеми.

Радев рече дека поддржува поединци, а не партии и дека не овластува никого да зборува во негово име.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина