Претседателот на Србија од утре во официјална посета на Грција

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ од утре ќе биде во дводневна официјална посета на Грција, ќе оствари средби со грчкиот државен врв и ќе се одржи Советот за соработка на високо ниво меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Официјалната посета ќе започне утре наутро со положување цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак пред грчкиот Парламент, по што ќе следи средба со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос. Во продолжение Вучиќ ќе биде примен од градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис, а во вечерните часови, српскиот претседател ќе присуствува на официјална вечера што во негова чест ја организира Павлопулос.

В среда, Александар Вучиќ ќе има средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по што ќе следи и средба на двете делегации во рамките на Советот за соработка на високо ниво меѓу Грција и Србија.

Би можело да ве интересира

Портпаролот на грчката влада и Здружението на странски дописници го осудија нападот врз новинарот Јакоби

Ана Ололовска

Србија: Во изминатите три години опаѓа поддршката на граѓаните за влез во ЕУ

Ана Ололовска

Поради царините од Приштина, Србија губи дневно по повеќе од милион евра

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во Атина вечерва убиени водачите на црногорскиот нарко-дилерски клан

А1он

Доплива прв до крстот, па ја запроси девојката

А1он

Анонимус Грција тврдат дека хакирале турски сајтови