Претседателот на Парламентот на Бугарија тврди дека гласањето недоверба од страна на ГЕРБ не и пречи на владејачката коалиција

Од:

Претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев коментира дека гласањето недоверба од страна на ГЕРБ не и пречи на владејачката коалиција во државата. Ова е нормална собраниска процедура, додаде тој, јави дописникот на МИА од Софија.

Доколку ГЕРБ одлучи да изгласа недоверба, тоа ќе биде разгледано, нема за што да се грижите во законска процедура, објасни Минчев.

Тој ги отфрли критиките од коалициониот партнер на Слави Трифонов „Има таков народ“ и рече дека не гледа причина за нив, а напротив се обиделе да имаат дијалог барем од страна на „Продолжуваме со промената“.

Тој се согласи дека во коалицијата се повлекуваат црвени линии од страна на партнерите. Претседателот на бугарскиот парламент е убеден дека со разумен пристап на сите учесници во владејачката коалиција буџетот ќе биде ажуриран во јуни.

Во врска со нискиот рејтинг на Народното собрание на Бугарија клучни реформи, бидејќи тоа го очекуваа граѓаните од бугарските владетели. Минчев рече дека се направени некои важни чекори, како што е затворањето на специјалната правда, а кога ќе се завршат другите цели, луѓето ќе видат реални резултати, кои ќе ја вратат довербата во Народното собрание.

Никола Минчев очекува на крајот на овој месец или на почетокот на следниот во бугарскиот парламент да има предлог-закон за реформи во антикорупциската област.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит