Претседателот на кипарскиот Парламент поднесе оставка

Од:

Претседателот на кипарскиот Парламент, Деметрис Силурис денеска поднесе оставка по скандалот со продажбата на пасоши на странски инвеститори, што ги посрамоти властите во земјата-членка на ЕУ.

Силорис е втор највисок државен функционер во Кипар и беше вршител на должноста претседател во отсуство на претседателот Никос Анастасијадис.

Кипар ја откажа профитабилната програма за доделување државјанство на богати странски инвеститори пред два дена, по обвинувањата дека висок владин функционер и поранешен пратеник учествувале во обид да се заобиколат строгите правила и да се издаде пасош на имагинарен инвеститор за кој се верува дека има криминално досие.

Портпаролот на кипарската влада Кирјакос Кусиос изјави дека Кабинетот на премиерот ја прифатил препораката на министрите за внатрешни работи и финансии за укинување на „златниот пасош“, кој на земјата и донесе милијарди евра во претходните години.

Кусиос рече дека одлуката, што ќе стапи во сила на 1 ноември, се заснова на „долгогодишните слабости на Кипар во програмата за инвестиции, но и на злоупотребата на нејзините одредби“.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар