Претседателот на грчките комори незадоволен од дебатата на политичките лидери

Од:

Политичките лидери на синоќешната дебата не дадоа никакви одговори „за тешките услови кои ќе треба да се исполнат за да се отклучат следните транши од новата програма за финансирање“, изјави претседателот на Националната конфедерација на грчките комори (ЕСЕЕ) Василис Коркидис.

– Новата Влада која ќе произлезе од изборите на 20 септември, несомнено има обврска да донесе закони за серија тешки услови кои ќе ги отклучат следните транши од новата финансиска програма. Еден од најважните закони, покрај оној за социјална сигурност, кој треба да биде договорен со кредиторите на земјата е законот за оданочување, се вели во писмената изјава на Коркидис, кој изразува надеж дека даноците нема да се зголемат и законот нема да се одложува затоа што на тој начин ќе се „комплицира евалуацијата на финансирањето, дискусијата за реструктуирање на долгот, и рекапитализација на банките“.

– Оданочување во 2015 година, заедно со постизборниот закон, кој ќе надмине 11 милијарди евра до крајот на годината не помага за здраво претприемништво. По завршувањето на расправата за реструктуирање на грчкиот долг, потребно е и намалување на прекумерните фискални барањата во меморандумот. Во дебатата на политичките лидери, сепак, не се слушна ни збор за тоа кој на крајот ќе ја плати цената, додаде претседателот на Националната конфедерација на грчките комори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит