Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел в петок во посета на БиХ

Од:

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел в петок ќе ја посети Босна и Херцеговина, соопшти министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ.

Се очекува теми на разговор да бидат голем број отворени прашања, меѓу кои најактуелните се поврзани со изборниот процес во БиХ.

Се претпоставува дека една од темите ќе биде и изнаоѓање средства за претстојните општи избори во БиХ во износ од 12,5 милиони конвертибилни марки (6,4 милиони евра), доколку Министерскиот совет на БиХ не донесе соодветни одлуки пред доаѓањето на Мишел во БиХ. Сараевските медиуми објавуваат дека една од темите на средбите што Мишел ќе ги има при посетата на БиХ би можела да биде продолжување на преговорите за измените на Изборниот закон, по одржувањето на општите избори закажани за октомври.

Доаѓањето на претседателот на Европскиот совет е втора посета на Сараево на еден од највисоките претставници на ЕУ во последните два месеци. Во март БиХ ја посети европскиот комесар за заедничка надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина