Премиерот Рама со протест дочекан во Лондон

Од:

Албаскиот премиер Еди Рама со протест бил пречекан во Лондон, каде се наоѓа во официјална посета.

Според албанските медуми членови на огранокот на албанската опозициска Демократска партија (ПД) во Лондон, поддржани од албански граѓани кои живеат и работат во британската метропола, прво се собрале пред хотелот каде престојува Рама а потоа и пред салата каде се одржува средба на која учествувал премиерот.

Во моментот кога премиерот Рама излегол од автомобилот, еден од учесниците извикал „измамник”, на што Рама реагирал со иронична насмевка.

Учесниците извикувале „Рама оди си“ а носеле и плакати на кои го пишува истото.

Претседателот на огранокот на ПД за Лондон, Наим Хасани во обраќањето на протестот рекол дека Рама треба да си замине од функцијата бидејќи „ги украл изборите и го заробил правосудството“.

Премиерот Рама денеска и утре престојува во Лондон каде учествува на Форумот Фајненшал Тајмс-инвестиции во Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Тероризираните шпански туристи во Албанија се семејство на милионерот Галдон

Баша: Рама e уметник за измами, кој со пријателите украде милиони евра

Ана Ололовска

И покрај протестите на опозицијата конституиран советот на општина Скадар

Мета: Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово-Србија

(ВИДЕО) Баша: Рама најкорумпиран премиер на Балканот

ВИДЕО: Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара

Татјана Ташкова