Премиерот Пленковиќ на врвот на листата негативно оценети политичари во Хрватска

Од:

На врвот на листата на најнегативно оценети хрватски политичари се наоѓа премиерот Андреј Пленковиќ, а претседателот на Парламентот Гордан Јандроковиќ е меѓу првите тројца, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од „Промоција плус“.

dobivaj vesti na viber

Анкетата покажала пораст на популарноста на новиот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ и политичката платформа Можеме, пад на рејтингот на претседателот Зоран Милановиќ и силна прва позиција на ХДЗ.

Една година од последните парламентарни избори во Хрватска, ХДЗ е сè уште водечка политичка партија, а според резултатите од анкетата спроведена овој месец, неа ја поддржуваат 27,4 проценти од испитаниците, што покажува дека оваа партија има голема предност во однос на политичката конкуренција , пренесува загрепскиот „Јутарњи лист“.

На второ место се уште се наоѓа СДП со поддршка од 18,7 проценти, што е 0,2 отсто помалку отколку во јуни, но истражувањето покажува дека СДП сериозно се приближува кон коалицијата Можеме, која забележа зголемување на популарноста и поддршката од 16,9 проценти од испитаниците, односно 3,5 проценти повеќе отколку минатиот месец.

И покрај падот на рејтингот, Татковинското движење на Мирослав Шкоро се наоѓа на четвртото место, со поддршка од 6,4 проценти од испитаниците, што е 1,8 проценти помалку отколку во јуни, а Мост е на петтото место со 4,8 проценти поддршка.

Би можело да ве интересира

Италијанка убиена во Хрватска

А1он

Почина познатиот хрватски новинар Мислав Баго

А1он

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 отсто

А1он

Уште гори кај Шибеник, повеќе од 50 пожарникари се борат со огнот

А1он

Летово во Хрватска од Ковид-19 починаа шест пати повеќе луѓе отколку минатата година

ВИДЕО: Сплит поплавен, сообраќаен хаос на улиците на градот

Катерина Павлова-Николовска