Прелиминарните резултати од обдукцијата на Праљак покажале дека се отрул со цијанид

Од:

Според прелиминарните резултати од обдукцијата на Слободан Праљак, која што започнала денеска во Хаг, хрватскиот генерал испил цијанид, пренесуваат медиумите.

Во соопштението се наведува дека токсиколошкиот тест покажал дека Праљак имал калиум-цијанид во крвата.

– Тоа довело до запирање на срцето, што се претпоставува дека е причианта за смртта, е наведува во соопштението.

Обдукциајта била надгледувана и од двајца хрватски експерти, во согласност со договорот на Хаг и хрватските власти.

Поранешниот командант на главниот штаб на ХВО, Слободан Праљак почина во болница во Хаг, откако испи отров во судницата на Хашкиот трибунал по изрекувањето на пресудата за воени злосторства и казна од 20 години затвор.

Би можело да ве интересира

Австриjци заминале на одмор во Хрватска, се вратиле со коронавирус

А1он

Го пцуеле и бркале по автoпат за да му ја честитаат „Бура“: директорот на српската фондација Сорос раскажа за патувањето низ Хрватска

А1он

Хрватска одбележува 25-годишнина од воено-полициската акција „Бура“

А1он

ВИДЕО: Невреме во Хрватска, уништени покриви, откорнати стебла и искршени прозорци

А1он

Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ тешко повреден во сообраќајна несреќа

Ана Ололовска

Косовскиот амбасадор во Македонија контактиран од Специјалниот суд во Хаг

Ана Ололовска