Преговорите за имеплементација на спогодбата меѓу Белград и Приштина завршија без договор

Од:

Повеќечасовните преговори меѓу премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи со посредство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, завршија синоќа во Брисел без конечен договор околу планот за имплементација на Спогодбата за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

По средбата Тачи пред новинарите кусо изјави дека двете страни „ги приближиле ставовите, но не се договориле“.

Тој најави дека следниве денови ќе продолжат разговорите по работни групи, а дека неговата следна средба со Дачиќ е закажана за 8 јули во Брисел.

По средбата ниту еден член на српската делегација не им се обрати на новинарите. Според белградскиот весник „Вечерње новости“, српскиот вице-премиер и министер за одбрана Александар Вучиќ, кој исто така присуствуваше на средбата, инсистирал Србија да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ во текот на октомври.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари