Предупредувања за драматично зголемен број прилив на илегални мигранти

Од:

Министрите за внатрешни работи на Бугарија, Грција и Кипар ги предупредија своите колеги во другите земји-членки за драматичното зголемување на пристигнување на илегалните мигранти преку источната медитеранска рута.

„Во последните месеци, вниманието на земјите-членки на ЕУ се фокусираше главно на средно-медитеранската насока, за која опширно се дискутираше на последните три министерски состаноци. Источно-медитеранската рута не е адекватно третирана и покрај сите релевантни извештаи што потврдуваат тренд на зголемен број преминувања, се вели во неслужбен документ што трите држави им го доставија на состанокот на министрите за внатрешни работи на државите членки на ЕУ во Луксембург.

Во документот се наведуваат податоци што предупредуваат на непропорционален притисок на три мигранти рути преку Медитеранот.

Се наведува дека помеѓу 19 август и 1 септември имало 1.133 пристигнувања преку западно-медитеранската/атлантска рута, 1.369 преку средно-медитеранската рута и 4.879 премини преку источно-медитеранската рута.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов