Предупредувачки штрајк на вработените во образованието во Србија

Од:

Вработените членови на Синдикатот за образование на Србија денеска ќе одржат предупредувачки штрајк – нема да се одржи првиот час во прва смена и првиот час во втора смена, соопштија вчера од синдикатот.

Во соопштението се наведува дека барањето на штрајкувачите е српската влада да почне да го применува Законот за плати на вработените во јавниот сектор (платни групи и оценки) од 1 јануари 2022 година и доколку не почне примената на тој закон за сите вработени во образованието, да биде зголемена платата за 15 отсто. Образовниот синдикат на Србија бара и изедначување на цената на трудот за сите дејности во образованието, формирање паралелки со помал број ученици во основните и средните училишта, како и стручни соработници и ненаставен кадар финансиран сразмерно на број на часови.

„Вработените во образованието речиси две години работат во тешки пандемични услови и го одржуваат образовниот процес во вонредни околности. Не е познат бројот на болни вработени и ученици, а Владата и Министерството за образование, наука и технолошки развој се глуви на апелите на синдикатот дека просветните работници се материјално и професионално понижени“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Блокади и протести во повеќе од 50 градови во Србија

ВИДЕО: Пожар во кинеска стоковна куќа во Обреновац – наредена е евакуација

Ана Ололовска

Во Србија почна со примена на Уредбата за замрзнати цени за основни намирници

Српската Влада донесе одлука за отворање почесен Конзулат на Северна Македонија во Србија

А1он

Михајловиќ – Бектеши: Унапредување на соработката меѓу Србија и Македонија во енергетиката, во план изградба на гасна интерконекција

А1он

Почина Милутин Мркоњиќ

Ана Ололовска