Пратеникот во албанскиот Парламент Стерјовски побара Македонците да бидат вклучени во програмата за регионален развој

Од:

Единствениот пратеник во албанскиот Парламент од редовите на партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стрејовски, на денешната пленарна собраниска седница го поддржа Нацрт-законот за ратификација на билатералниот договор меѓу албанската Влада и Швајцарија и побара во спроведувањето на договорот да бидат вклучени и проекти за македонското малцинство.

– Во име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, која, меѓу другото, се грижи за правата на македонската заедница во Албанија, ја повикувам Владата за време на спроведувањето на овој договор да ги вклучи со проекти не само општините погодени од земјотресот, туку и области каде живеат малцинствата, вклучително и македонското малцинство, побара Стерјовски.

Тој нагласи дека областите во кои живее македонското малцинство, oпштина Пустец во областа Преспа, областа Голо Брдo во општините Булќиза и Либражд, областа Гора во oпштина Кукс и селото Вбрник во oпштина Девол се најсиромашните области во Албанија, запоставени од сите влади во последните 30 години.

Според него, овие области се без потребната патна инфраструктура, водоснабдување, канализација, здравствена услуга, електрична енергија, поради што имaат потребa од итна поддршка и инвестиции од Владата за подобрување на социо-економските услови за живеење.

Стерјовски потсети дека во 2014 година, институцијата народен правобранител подготвил посебен извештај за состојбата на малцинствата.

– Во овој извештај една од главните препораки беше да се создадат услови за зголемување на благосостојбата во областите каде што живеат малцинствата и другите заедници. Тука вклучително и финансирање со посоодветен буџет за единиците на локалната самоуправа, каде има малцински заедници и други заедници во различна мерка од остатокот од мнозинското население. За жал препорака се уште не се спроведува, рече тој.

Договорот меѓу албанската влада и Швајцарија се однесува на Програмата за регионален развој во Албанија, четврта фаза за период 2019-2023 година.

Целта е да поттикне рамномерен и одржлив социјален и економски развој, потпирајќи се на карактеристиките на регионите, поттикнувајќи го потенцијалниoт економски развој со цел да се намалат нееднаквостите во земјата.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија