Пратеникот на „Златна зора“ Христос Папас, самостојно се предаде во полиција

Од:

Пратеникот на крајнодесничарската грчка партија Златна зора, Христос Папас, по кога трагаше полицијата, самостојно се предал на властите.

Папас, кој според обвинителството е човек број два во Златна зора, денеска се предал самостојно во полициска станица во Атина.

Исто како и останатите петмина пратеници на Златна зора, кои се во притвор, Папас ќе биде официјално обвинет за членство во криминална организација со цел за извршување на злосторства.

Ова е прв случај од 1974 година во Грција да бидат уапсени активни пратеници во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит