Пратеничка од владејачката косовска партија осудена на три години затвор

Од:

Пратеничката во републичкото Собрание на Косово, од редовите на владејачката партија Движење самоопределување (ЛВВ), Јетмире Вренези е осудена денеска на три години затвор и парична казна од 2.000 евра, поради незаконита одлука која ја донела во 2019 година, како раководителка на секторот за урбанизам во општина Призрен, јави дописникот на МИА од Приштина.

Истата казна Основниот суд во Призрен му ја изрече и на поранешниот раководител на оптшинскиот градежен инспекорат, Ислам Тачи, додека четворица други обвинети се ослободени во недостиг на докази.

Вренези и Тачи, според образложението на судот се прогласени виновни по обвинението за залоупотреба на службената должност и надминување на надлежностите, со тоа што донеле противравна одлука за уривање на објект во трговскиот центар „Аби Чаршија“ во Призрен.

Двајцата тогашни општински функционери ја донеле незаконитата одлука со цел да му наштетат на инвеститорот „Аби“ Д.о.о., иако тој уредно аплицирал за добивање дозвола за градба, објави судот.

Незадоволните страни имаат право на жалба пред апелациски суд.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски