Познат наркобос убиен сред бел ден во Тирана, егзекуторите го изрешетале со пиштоли со придушувачи

Од:

Во центарот на Тирана денеска е убиен 66-годишниот Бехар Суљо Софија, сопственик на голем број бизниси, но и познат како наркобос, кој шверцувал хероин од Турција во Албанија.

-Убиениот, по потекло од Берат, кој бил познат на полицијата поради своите криминални активности, е убиен со огнено оружје со придушувач. Неговото убиство било добро организирано и дека убијците пукале од автомобил во движење во момент кога тој се движел пеш на тротоар во близина на познатиот објект „Пирамида“ покрај реката Љана, наведува агенцијата Балкан веб.

Бехар се смета за еден од блиските соработници на Абдулселам Тургут, уапсен во Албанија за трговија со хероин.

Албанските власти, од пред една година, Тургут го бара со меѓународна потерница, како дел од терористичка ќелија која подготвувала напад врз муџахедините кои се сместени во Албанија.

Убиениот Бехар Суљо Софија

Бехар во 1998 година бил уапсен заради шверцување на поголема количина хероин од Турција во Албанија а бил вмешан и во инцидентот во Драч во 2009 година во кој беа убиени четворица полицајци.

Во Албанија имал градежна фирма, повеќе маркети и детски градинки, како и неколку бизниси во Швајцарија. Пред неколку години одреден период живеел во Турција.

Истрагата е во тек, а полицијата ги прегледува надзорните камери поставени на локацијата каде бил убиен. Мотивот најверојатно е пресметка меѓу нарко кланови.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија