Пожари на Олимп, Халкидики, Пелопонез и Јанина

Од:

Од вчера по сртовите на планината Олимп, на Халкидики, на полуостровот Пелопонез и околината на градот Јанина, во западна Грција, беснеат нови пожари, соопштуваат грчките медиуми.

Пожарот во реонот на Касандра, на Халкидики, избувна на ѓубриште, а останатите пожари се шумски.

Во меѓувреме, делумно се совладани двата пожара – едниот во реонот на Коринт, а вториот на островот Крит, каде огнот уништи животни, илјадници декари насади и предизвика штети врз згради и куќи.

Во гаснењето учествуваат копнени и воздушни противпожарни екипи, а исто така и армиски единици и доброволци.

Според метеоролозите температурите во цела Грција денеска ќе достигнат 41 степен.

Грчката цивилна заштита предупредува за опасност од нови пожари.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција