Пожар во Далмација

Од:

Пожарникарите се обидуваат да ги изгаснат пожарите кои ги пустошат шумите и вегетацијата на подрачјето на Далмација, кај Задар, Шибеник и Сињ.

Најкритична ситуацијата е кај Водице, кај Шибеник, каде двајца пожарникари се полесно повредени, а во гаснењето учествуваат 85 пожарникари, со 26 возила, со воздушна поддршка на пет авиони – четири канадери и авион познат како воздушен трактор.

Тој пожар на отворен простор во регионот на Ковче, кај брдото Окит, избувнал околу пладне, а во гаснењето помагаат државните интервентни единици од Шибеник и Задар, а поради огнот е затворен еден пат.

Пожарот, кој денеска избувна во околината на Вукшиќ – Будак на подрачјето на општината Станковци, каде гори шума со храстови на минирано подрачје, се уште не е локализиран, соопшти Државната управа за заштита и спасување.

Во гаснењето учествуваат 17 пожарникари со седум возила од Задар и Станковци, на кои им помагаат и два авиони канадери.

Пожарот кој го зафати подрачјето Лишане Островички, исто така во Задарската жупанија, го гаснат 12 пожарникари со четири возила од Бенковци и Задар и исто така со помош на два канадери.

Пожар избувна и кај Сињ, каде огнената стихија зафати 15 хектари храстови и борови на шуми.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски