Повторно протести во Љубљана против мерките и ковид пропусниците

Од:

Неколку илјади демонстранти попладнево повторно протестираа во Љубљана против анти-епидемиските мерки на Владата на Јанез Јанша, особено задолжителните ковид пропусници, а некои побараа и оставка од Владата.

Како што пренесуваат локалните медиуми, протестот, кој продолжи и вечерва, е со засилено полициско присуство, но засега без инциденти и полициска интервенција која со кордон ги спречи демонстрантите да заминат пред зградата на Собранието. Полицијата идентификуваше неколку лица меѓу демонстрантите, а уапси најмалку едно.

Опозицијата денеска поднесе интерпелација против министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, предлагајќи негова смена поради, како што велат, прекумерната употреба на репресивни мерки против демонстрантите на последните неколку протестни собири.

Хојс ја има довербата од премиерот Јанез Јанша, кој минатата година ја одби неговата оставка по медиумско-политичка афера.

Опозицијата собра 43 потписи на пратеници за интерпелација, речиси половина од вкупниот број пратеници во Националното собрание, кое има 90 пратеници.

Би можело да ве интересира

Кина: Омикрон може да ја отежни организацијата на Зимските олимписки игри

А1он

Директорот на Бионтек тврди дека вакцината веројатно е ефикасна против Омикрон

А1он

Велика Британија за два месеци ќе понуди засилувачка доза на вакцина за сите постари од 18 години

А1он

Поради мутација, делта сојот во Јапонија се уништува сам

А1он

(ВИДЕО) Српски виролог: Очекувам бустер дозата на Синофарм да даде огромно количество антитела и да штити од омикрон

Ана Ололовска

100 отсто од населението во Обединетите Арапски Емирати е вакцинирано со најмалку една доза

А1он