Продолжи средбата Вучиќ-Курти, Борел и Лајчак ги откажале летовите

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети кој е во Охрид и ги следи преговорите меѓу Албин Курти и Александар Вучиќ навестил дека преговарачите Жозеп Борел и Мирослав Лајчак ги откажале летовите и состаноците кои им биле предвидени за утре пренесуваат косовските медиуми.

Средбата која почна некаде околу 15.30, по втората пауза прдолжи пред малку. Претходно, уште пред речиси 12 часа почнаа билатералните средби во вилата „Билјана“. Вучиќ имаше поединечна средба во Лајчак и Борел, а потоа и Курти се сртна со двајцата преговарачи.

Претседателот на Србија и премиерот на Косово се сретнаа и со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

По речиси цел ден средби, нема никави назнаки за исходот или крајот на преговрите.

Би можело да ве интересира

Гаши до Курти: Ако потпишеш за ЗСО, ќе ти фрлам молотови коктели во куќата

Горан Наумовски

Вучиќ за апсењето на Путин ако дојде во Србија: Не ги апсев ниту тие што ги бараше Хаг

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Вучиќ: Тешко е да се докаже договор ако не постои потпис

Детали од Анексот за кој се договорија Вучиќ и Курти

Катерина Павлова-Николовска

Курти: Србија бега од потпишување на договорот

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Косово и Србија постигнаа договор за анексот за нормализација на односите

Катерина Павлова-Николовска