Повторно долга колонa на бугарско-грчката граница

Од:

Колонa возила долгa и до три километри се создалa претпладнево на граничниот премин Промахонас за влез од Бугарија во Грција, објави грчката телевизија „Скај“.

Во поголемиот дел, туристите се од Бугарија и Србија, а голем дел од нив велат дека во Грција доаѓаат на неколкудневен одмор.

На граничниот премин секојдневно има и претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција, кои прават тестови за коронавирус по случаен избор.

Според информациите на „Скај“, од 15 јуни кога се отвори граничниот премин, преку граничниот премин Промахонас-Кулата поминале 130.000 државјани на Европската унија и 14.000 државјани на трети земји, од кои мнозинството биле Срби.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната