Повеќето Грци ги одобруваат дејствијата на новата Влада во Атина

Од:

Околу 81,5 отсто од Грците ги оценуваат позитивни дејствијата на новата грчка Влада, според анкета на агенцијата „Марк“, пренесе БТА.

На прашањето дали Владата преговара правилно или погрешно, 58 отсто од анкетираните одговараат „правилно“, а 23,5 отсто велат „можеби правилно“.

Четиринаесет отсто изразуваат несогласување со дејствијата на Кабинетот на Ципрас, а 4,3 отсто не дале одговор.

Оптимисти за резултатот од преговорите се 79,7 отсто, а 13,4 отсто сметаат дека земјата ќе биде доведена до банкрот.

Околу 81 отсто Грци сакаат Грција да остане во еврозоната, а 13,4 преферираат земјата да се врати кон драхмата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит