Повеќе од 4.000 луѓе минатата година побарале поништување на државјанството од БиХ

Од:

Трендот на масовно откажување од државјанство на Босна и Херцеговина, што почна по завршувањето на војната, продолжи и во 2019 година, кога на таков чекор се одлучија над 4.000 луѓе.

Според документ на Министерството за цивилни работи на БиХ во текот на минатата година 4.059 лица побарале испис од државјанство на БиХ.

Додека најмногу обработени барања се во 2017 година кога 4.494 луѓе побарале да се откажат од државјанството на БиХ.

Државјаните на БиХ кои се откажуваат од пасошот мора да платат 800 конвертибилни марки (околу 400 евра) како и такса од 200 конвертибилни марки (околу 100 евра).

Од 1995 година од државјанството на БиХ се откажале повеќе од 80.000 лица а на тој чекор се одлучија за трајно да го решат својот статус во државите во кои се иселија.

Би можело да ве интересира

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Во гимназијата во Центар Жупа има само 14 матуранти, иселувањето го празни регионот

Силен земјотрес во БиХ, епицентарот е на 16 километри од Сараево