Потврдени два нови случаи на коронавирус во Хрватска

Од:

Националното биро за цивилна заштита на Хрватска соопшти дека се потврдени уште два случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Според министерот за здравство на Хрватска Вили Берош се работи за луѓе кои се блиски и биле во непосреден контакт со веќе заразените во Загреб и Ријека.

Првиот пациент кој е помладо лице кое е хоспитализирано во Загреб, а вториот заразен е повозрасен маж и веќе се наоѓа во болницата во Ријека.

Тоа што е добро според хрватските здравствени власти е дека новозаболените лица веќе биде во карантин откако е констатирано дека контактирале со заразени лица, а на тој начин е избегната можноста тие да заразиле други луѓе.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари