Потврдена средбата на преговарачите на Косово и Србија во Брисел утре

Од:

Европската Комисија потврди дека утре ќе се одржи рунда преговори помеѓу Косово и Србија во Брисел.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, портпаролите на Европската kомисија денеска беа во можност да потврдат дека средбата ќе се одржи откако две недели ситуацијата на северот на Косово ескалира.

-Деескалацијата е главен приоритет, а вториот е враќање на ситуација каде се разговара за сите отворени прашања во рамките на дијалогот за нормализација на односите, сите проблеми треба да се дискутираат во рамките на дијалогот што го олеснува ЕУ, позиција на целата ЕУ е дека двете страни треба да ги решат прашањата во рамките на дијалогот за да се постигне правно обврзувачки договор за нормализација на односите и да се избегнат вакви ситуации во иднина, изјави Петер Стано, портпарол за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов