Потребите за електрична енергија Албанија почна ги покрива со домашно производство

Од:

Обилните дождови од последните две недели на целата територија на Албанија позитивно се одразија во полнењето на речиси празните вештачки акумулации.

Тоа посебно се однесива на сливното подрачје на каскадата на реката Дрим, каде се наоѓаат трите државни хидроелектрани Фиерза, втората по големина ХЕ на Балканот, Коман и Вау те Дејес.

„Нивоата на трите акумулации се приближуваат до максималната кота, а електраните работат со максимален капацитет. Вкупното производство услови целосно да се покрие домашната побарувачка за електрична енергија“, информираше Албанската електрокорпорација, КЕШ.

Оттаму посочуваат дека моментниот доток на вода во касакадата е 975 кубни метри во секунда, а просечното дневно производство во трите ХЕ изнесува над 25 милиони киловат часови електрична енергија.

„Продолжуваме внимателно да ја следиме состојбата со дотокот на вода и полнењето на акумулациите, гарантирајќи целосна безбедност на браните, снабдување со електрична енергија за домашните потрошувачи и избегнување на било какво негативно влијание од испуштањето на вода во подскадарскиот регион“, наведуваат од КЕШ.

Поради долгиот и сушен период Албанија поголем период од минатата година потребите за електрична енергија ги задоволуваше од увоз.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски