Потрагата се проширува: Матеј сега се бара во Панчево, Смедерево, Пожаревац…

Од:

Во потрагата по исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, кој исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември, е вклучена и полицијата во градовите покрај реките Сава и Дунав.

Неговите пријатели од Сплит го пријавиле исчезнувањето, па потрагата прво почнала во Белград, а потоа се проширила во Панчево, Смедерево и Пожаревац, пренесува српски Телеграф.

„Прво почнавме да ги пребаруваме реката Сава, нејзиното корито и крајбрежјето. Потоа Дунав низводно од Панчевскиот мост, но се уште нема напредок во истрагата. Во потрагата се вклучени и колеги од Панчево, Смедерево и Пожаревац, кои ја пребаруваат реката и напуштените објекти покрај Сава и Дунав“, рекол неименуван соговорник кој Телеграф наведува дека е близок до истрагата.

„Потрагата сè уште трае, не само покрај реките во Белград, туку и пошироко. Информирани се и колегите од другите управи и секоја информација до која ќе дојдат се проверува и споделува, без разлика колку е чудна“, вели изворот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На последната снимка од Матеј се слуша извик, изговорени два важни збора

Ана Ололовска

Сведоштво на нуркач кој е дел од потрагата по Матеј Периш: Тешко е, не знаеме ниту дали влегол во водата

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Вучиќ ги нападна медиумите поради Матеј: Објавуваа лаги само поради кликови

Ана Ололовска

ВИДЕО: Полицијата ги објави сите снимки од движењето на исчезнатиот Матеј

А1он

ВИДЕО: Хрватска испрати полицајци во Белград за помош во потрагата по Матеј Периш

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Матеј Периш го бараат со помош на термални камери во напуштени објекти

Ана Ололовска