Потпишано писмо за намери за обновување на авиолинијата меѓу Белград и Приштина

Од:

Делегација на српското Министерство за економија и компанијата Луфтханза денеска во Берлин попишаа Писмо за намери за повторно воспоставување на авиолинија помеѓу Белград и Приштина, соопштија од Министерството.

Како што јави дописникот на МИА, во соопштението се оценува дека со ова е „направен првиот симболичен чекор за повтрно воспоставување на авиолинија помеѓу главниот град на Србија и Приштина, која ќе го олесни патувањето и комуникацијата на граѓаните од сите националности и ќе го направи Белград поблиску до Приштина и обратно.“

-Покрај зголемување на бројот на патници на Белградскиот аеродром и на српската авиокомпанија (Ер Србија), авиолинијата ќе отвори можности и за бизнис заедницата, која на овој начин би била подобро поврзана и со поефикасни можности за промет на стоки, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека „со потпишувањето на ова исклучиво комерцијално Писмо за намери, Србија покажува јасна определеност за унапредување на слободен проток на стоки, луѓе и капитал и спротивставување на вештачки наметнатите бариери.“

Директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија (КиМ), Марко Ѓуриќ, изјави денес за РТС дека таа линија би можела да заживее „по укинување на таксите за стоки од Србија“ и по воспоставувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

– Потпишувањето на писмото за намери, рече Ѓуриќ, ќе биде првиот симболичен чекор за обновување на авиолинијата меѓу Белград и Приштина по 20 години.

-Со тоа, покрај 12-те автобуси кои редовно ги поврзуваат Белград и Приштина, во иднина може да добиеме и авиолинија, кажа Ѓуриќ.

Српските власти за оваа намера ќе ги известат УНМИК и КФОР, кои според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН и според Воено-техничкиот договор од Куманово, се задолжени за контрола и координација во името на Србија на воздушниот простор на Србија на Косово.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари