Построги казни за силување и педофилија во измените во грчкиот Кривичен законик

Од:

Построги казни за педофилија, силување и за криумчарење нелегални мигранти вклучуваат, меѓу промените во Кривичниот законик на Грција, за кои денеска расправа грчкиот Парламент, а во вечерните часови се очекува да биде и гласањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за правда на Грција, Константинос Циарас истакна дека со измените, намерата на Владата е да ги обедини, а не да ги подели граѓаните. Тој додаде дека претходната влада, ден пред да затвори Парламентот направи промени во Кривичниот законик кои создадоа нејасности, но и загриженост.

Меѓу другото, во измените, со амандман е вклучена и можноста за употреба на нелегално стекнат доказен материјал во случај кога се работи за дела од кривичен карактер што во надлежност на обвинителот за економски криминал или на обвинителот за корупција.

Би можело да ве интересира

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов