Посетата на српскиот патријарх Порфириј на Црна гора одложена

Од:

Посетата на српскиот патријарх Порфириј на Херцег Нови, планирана за 14 и 15 август, е одложена поради тридневна жалост во Црна Гора поради трагедијата во Цетиње и сочувство за ужалените, соопшти денеска црногорската и приморската митрополија.

Како што е наведено, посетата се одложува за 29 и 30 август, а за деталите јавноста ќе биде навремено информирана. Порфириј требаше да престојува во Херцег Нови на 14 и 15 август по повод 650-годишнината од основањето на градот и градската слава – пренесувањето на моштите на Свети Архангел Стефан. Тоа требаше да биде прва посета на српскиот патријарх на Херцег Нови по 43 години. Во Црна Гора денеска почна тридневна жалост поради трагедијата во Цетиње, каде во престрелка загинаа 11 лица, меѓу кои и напаѓачот.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора