Порфириј негираше дека ќе се откаже од устоличувањето на Јоаникије на Цетиње

Од:

Српскиот патријарх Порфириј синоќа објави дека Српската православна црква нема да се откаже од устоличување на митрополитот црногорско-приморски Јоаникије во манастирот Цетиње.

„Утре наутро, со Божја помош и молитва за мир, сите архиепископи ќе заминат на Цетиње за да го устоличат владиката Јоаникиј во трон митрополит црногорско-приморски“, изјави Порфириј за Танјуг, пренесе Бета.

Претходно, дел српски и црногорски медиуми објавија дека устоличувањето во Цетиње е откажано поради безбедносни ризици.

Порталот Борба објави дека устоличувањето е откажано, но дека патријархот Порфириј одбил да го престоли Јоаникије во Подгорица.

Тензично е во главниот град на Црна Гора денеска. Утрово на Цетиње, полицијата фрли солзавец врз граѓани на повеќе локации кои протестираат против најавеното устоличување на митрополитот Јоаникије во манастирот Цетиње. Во главниот град од раните утрински часови се слушаат полициски сирени. Устоличувањето на Јоаникије, е планирано за денеска во 8 часот во манастирот Цетиње, јавија црногорски медиуми.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов