Поранешниот хрватски министер Бољковац ослободен од обвиненија за злосторства во 1945 година

Од:

Првиот хрватски министер за внатрешни работи 94-годишниот Јосип Бољковац денеска во загрепскиот Жупански суд е неправосилно ослободен од обвиненијата дека во 1945 година, како шеф на карловачкото Одделение за заштита на народот (ОЗНА) – наредил апсење и ликвидација на 21 цивил од подрачјето на Дуга Реса.

Бољковац, кој поради возраста и лошото здравје отежнато ја следеше и последната расправа, утрово не се појави на изрекувањето на првата пресуда, јави Хина.

Обвининителството тврдеше дека за времето на тримесечното судење докажале дека Бољковац наредил апсење и убиство на цивили, а неговата одбрана во завршниот збор пред два дена, тврдеше дека „ниту еден доказ Бољковац не го поврзува со партизанското злосторство кое објективно се случило“.

Загрепското Жупаниско државно обвинителство го товареше Бољковац дека од 7 мај до средината на јуни 1945 година, спротивно на прописите на меѓународното воено право, наредил апсење на поголем број цивили од подрачјето на Дуга Реса под обвинение дека соработувале со усташките власти.

Во Хрватска, поради партизански злосторства поднесени се пријави против 30-тина лица, но со оглед на тоа дека повеќето се починати или недостапни, постапките во најголем дел од случаите се одбиени, прекинати или во мирување, наведува Хина.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег