Поранешниот американски амбасадор за дијалогот во Брисел: Вучиќ и Курти не си веруваат, тоа е проблемот

Од:

Со жалење можам да кажам дека не ме чуди што дијалогот меѓу Косово и Србија во Брисел немаше никаков епилог, вели Мајкл Кирби, поранешен американски амбасадор во Белград.

Кирби, дипломат кој беше во Србија со четиригодишен мандат од 2012 до 2016 година, вели дека верува оти страните во процесот ќе продолжат да се состануваат и дека ќе биде вклучен и специјалниот пратеник на Европската унија Мирослав Лајчак.

– Гледам пат, но ми се чини дека никој од лидерите не сака да оди по него. Бидејќи ниту еден од нив не покажа ентузијазам за време на дијалогот. Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, посочи дека нешто може да се случи во наредните денови – потенцира Кирби за „Гласот на Америка“.

Како што рече, не може да се каже дека Вучиќ и Курти се најдобри пријатели.

– Не сум сигурен дека си веруваат и тоа е проблемот. Не мора да бидете добри пријатели, но во одреден момент треба да развиете доверба, бидејќи ако сакате да постигнете договор треба да верувате дека тоа ќе се случи. Почестите средби би можеле да развијат разбирање. Јас сум дипломат. Убеден сум дека разговорот помага да се воспостави покоректен однос. Ако не се сретнете, тогаш врската е изгубена – објаснува Кирби.

„Секогаш ќе има некаков спор“

Кога станува збор за спорот меѓу Приштина и Белград за регистарските таблички, Кирби истакнува дека „секогаш ќе има некаков спор“.

– Вистинското прашање е дали Србија верува дека патот за членство во ЕУ е навистина отворен, што не е сосема јасно. Ако е така, дали Србија навистина сака да оди по тој пат. Често се слуша дека сака, но постапките не го покажуваат тоа. Размислете за нејзиниот однос со Русија, која крши се за што се залага Европската унија. Значи таму има проблеми, смета Кирби.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Вучиќ: Ќе му честитам на кого сакам, не сум никому слуга

Горан Наумовски

Вучиќ: Цел свет скока да ја брани Украина, а кога ќе украдат дел од територијата на Србија, тогаш ништо

Горан Наумовски

Вучиќ: На самитот во Тирана со почит се слушаше гласот на Србија

Вучиќ: Украина е пријател на Србија, не ја призна независноста на Косово

Горан Наумовски