Поранешен соработник на Дарко Шариќ „падна“ во Загреб, се криел 16 години

Од:

Државјанин на Црна Гора (46) е уапсен во центарот на Загреб по потерница на Интерпол Аргентина поради обид за шверц на дрога, соопшти денеска загрепската полиција.

Црногорски државјанин е уапсен во изнајмен стан во центарот на Загреб. Црногорецот е приведен од полицијата во Жупанискиот суд во Загреб за поведување екстрадициона постапка.

Хрватските медиуми јавуваат дека е уапсен Драшко Вуковиќ, поранешен соработник на Дарко Шариќ и дека е приведен врз основа на потерница на Интерпол од 2009 година и дека се товари за растурање на речиси 500 килограми кокаин.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, станува збор за лице кое во 2007 година во Копенхаген е уапсено со 38 килограми кокаин вреден неколку милиони евра и дека истата година успеал да и побегне на полицијата при неговото префрлање во затвор.

Драшко Вуковиќ беше сведок во второстепената постапка против групата на Дарко Шариќ и другите обвинети за шверц на 5,7 тони кокаин од Јужна Америка во Европа. Тие беа уапсени во голема акција под кодно име Балкански воин.

Тој сведочеше за тоа како шверцувале големи количини кокаин, дека соработувал со Драган Дудиќ Фриц и Анатазиј Мартиниќ, но не и со Шариќ, иако претходно даде изјава во која тврдеше дека Шариќ е неприкосновен лидер.

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Горан Наумовски

Заладување во регионот, снег во Загреб и Бања Лука

Два земјотреси го погодија Загреб: Имаше татнеж, па креветот многу се тресеше

Во Загреб: Се активираше свлечиште на влезот во претседателската палата, стигна реакција од кабинетот на Милановиќ

Германски овчар во Загреб каснал девојка и убил помало куче