Поранешен министер за образование на Република Српска уапсен за злоставување дете

Од:

Полицијата на Република Српска привела поранешен министер во Владата на РС осомничен за сексуално злоставување малолетно девојче (11) од Бања Лука.

Според локалните медиуми, се работи за поранешниот министер за образование Ненад Сузиќ (69) од Бања Лука, кој се сомничи дека сексуално злоставувал девојче подолг период со тоа што ја допирал по разни делови на телото и и велел дека не смее никому да каже.

Случајот го пријавило основното училиште во кое оди девојчето, по што Сузиќ веднаш е приведен.

Бањалучката полиција соопшти дека е уапсен Н.С. од Бања Лука, по сомневање за извршени кривични дела од областа на сексуално злоставување и искористување дете и оти е спроведен во Окружното јавно обвинителство на Бања Лука.

Како што се наведува, Сузиќ работи како редовен професор на Филозофскиот факултет во Бања Лука, на предметите општа педагогија и методика на воспитно-образовната работа.

Член е на Српската академија за образование и Руската академија за социјални и педагошки науки.

Би можело да ве интересира

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

А1он

(ВИДЕО) Го осудија за педофилија, па им избега низ прозорец

Предраг Петровиќ

Додик: Република Српска има поддршка од околу 15 држави да се отцепи од Босна

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

ВИДЕО:Неколку илјади граѓани на уште еден собир за поддршка на институциите на Република Српска

Предраг Петровиќ