Поради политички игри за „Парадата на гордоста“ потрошени се два милиони евра

Од:

Српското Министерство за внатрешни работи потроши два милиони евра за обезбедување на овогодинешната Парада на гордоста, која беше забранета од безбедносни причини, објави денеска белградскиот дневен весник „Блиц“ повикувајќи се на неименувани полициски извори.

Најголемиот дел од парите полицијата ги потрошила за набавка на нова опрема, која се уште не е доставена до Министерството.

– Невозможно е да е дознае за каква опрема станува збор и зошто е нарачана кога се знаеше дека нема да стигне на време, пишува „Блиц“.

Весникот посочува дека и прилично многу пари се потрошени на формирање на нов команден центар од каде требаше да биде раководена организацијата за обезебдување на „Парадата на гордоста“.

– На полициските дневници ќе бидат потрошени околу 400.000 евра, со кои ќе бидат исплатени 6.500 полицајци кои вондредно беа ангажирани да ја обезбедуваат „Парадата на гордоста“, иако истата беше откажана, истакнува неименуван полициски извор за „Блиц“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ