Поради најава за поларни температури, во Албанија следната недела три дена нема настава

Од:

Првите три дена, односно од понеделник до среда, следната недела, во Албанија се затвораат сите училишта, поради најавата за поларни температури кои ќе ја зафатат земјата.

– Оваа важна одлука е донесена, бидејќи во наредните денови се очекуваат многу ниски температури, кои се вонредни температури за земја како нашата. Во некои области ќе достигне и до-17 степени Целзиусови, објави на Фејсбук министерката за образование, Евис Куши.

Наведува дека апсолутен приоритет во секое време е здравјето и благосостојбата на децата и поради оваа причина е одлучено да нема настава во сите училиштата.

– Секако доколку прогнозите не се покажат точни, а температурите ќе бидат поприфатливи, ќе ја разгледаме оваа одлука и ќе бидеме во постојана комуникација со вас, бидејќи за нас процесот на учење е од приоритетно значење, додава Куши.

Изгубените часови, објаснува таа, ќе бидат дополнети во договор со локалните канцеларии за образование, за што навремено ќе бидат информирани сите образовни институции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски