Поради малверзации во Смедеревска железарница уапсени 13 лица

Од:

Директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ изјави дека во акцијата за сузбивање на финансискиот криминал се уапсени 13 лица, додека по едно лице интензивно се трага.

Тие се осомничени дека незаконски присвоиле 200.000 тони челичен отпад и со тоа ја оштетиле железарницата за 5,7 милиони евра.

Припадниците на Полициската управа во Смедерево во соработка со Високото јавно обвинителство во Смедерево го лишија од слобода директорот на смедеревската фирма „Харско металс“ Ѓорѓе Јовановиќ, како и работодавецот на фирмата Александар Рајковиќ.

Наместо на Железарница Смедерево да и вратат околу 200.000 тони челичен отпад, сопствениците на „Харско металс“ отпадот во иста количина го продале на претпријатијата во Смедерево за износ од околу 40.000 евра.

Приватните претпријатија челичниот отпад го извезувале во Романија и Албанија и така оствариле повеќекратна заработка.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ