Поради епидемијата Заводот за здравствена заштита на Словенија се соочува со финансиски проблеми

Од:

Заводот за здравствена заштита на Словенија (ЗЗЗС) објави дека поради последните случувања со пандемијата на коронавирусот, очекуваат годинава во здравствената каса да влезат 225 милиони евра помалку од планираните.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, од ЗЗЗС пресметале дека поради големиот број болувања тие ќе требаа да исплатат дополнителни 30 милиони евра како платено отсуство на работниците. Најголем дел од нив или беа на платен карантин поради коронавирусот или беа инфицирани.

Токму затоа од ЗЗЗС апелираат до Владата да подготви, а Собранието да изгласа интервентен Закон со кој преку буџетот на државата ќе се покрие големиот минус во здравствената каса.

За споредба минатата 2019 година ЗЗЗС реализираше приходи од над три милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он