Поради дојавите за бомби во 70 белградски училишта наставата е онлајн

Од:

Во 49 основни и 21 средно училиште во Белград денеска ќе се организира онлајн настава поради дојави за поставени бомби, изјави помошник министерот за образование на Србија, Милан Пашиќ.

dobivaj vesti na viber

Во изјава за РТС тој нагласи дека 96 отсто од основните и средните училишта во Србија работат по директен модел и дека нема извештаи за бомби надвор од Белград.

„Во Белград тие бројки се менуваат од час во час. Последните информации од синоќа во 22 часот покажуваат дека наставата денеска ќе се организира од далечина во 49 основни и 21 средно училиште во главниот град“, рече Пашиќ.

Тој додаде дека во сите училишта каде се вршени контрадиверзантски контроли било утврдено дека не биле поставени експлозивни направи.

Би можело да ве интересира

Играч на АЕК во Белград нокаутираше фото-репортер

Владимир Орлиќ избран за претседател на српското Собрание

Тирана и Белград најскапи, Приштина најевтина во регионот

ВИДЕО: Силно невреме го зафати Белград, Земун под вода

Александар Шапиќ избран за нов градоначалник на Белград

А1он

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Крадец нападна жена во Нов Белград, и го скрши забот и го искина накитот