Попис на населението во Хрватска од денеска до 17 октомври

Од:

Во Хрватска денеска почнува пописот на населението, а оваа статистичка операција е предвидено да трае до 17 октомври.

Денеска почнува првата фаза од самопопишувањето, преку системот е-Граѓани и ќе трае до 26 се птември, додека од 27 септември почнува втората фаза, кога попишувачи ќе излезат на терен.

Како што појасни Државниот завод за статистика, при самопопишувањето, граѓаните ќе можат сами да ги внесат податоците за себе и за своето домаќинство преку пораталот е-граѓани. Од заводот истакнуваат дека доколку има повеќе членови во едно домаќинство, само еден од нив ги попишува останатите.

Во втората фаза од пописот, од 27 септември до 17 октомври, на терен ќе излезат околу 8.000 попишувачи, кои во лично интервју со населението ќе ги попишат сите единици што не беа попишани во првата фаза. Тие ќе го земат и контролниот код од домаќинствата кои се регистрирале на порталот е-граѓани.

– Исклучително, доколку се утврди дека не се наведени сите единици до 17 октомври, ќе го продолжиме периодот на пописот до 29 октомври, рече Лидија Брковиќ, генерална директорка на Заводот за статистика.

Хрватското законодавство предвидува казни за непопишување, кои се движат од 270 до 670 евра за физички лица.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари