Помпео со писмо до Мицотакис: Грција клучен играч во Источниот Медитеран и на Балканот

Од:

Грција ја сметаме за клучен сојузник и играч во Источниот Медитеран и на Балканот, пишува во писмото испратено од американскиот државен секретар Мајк Помпео до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Помпео вели дека неодамнешна посета на Мицотакис на Соединетите Американски држави „беше јасна потврда на тесните врски и соработката меѓу двете земји”, додава дека за време на кризата САД ја поддржа Грција и ќе продолжат да ја поддржуваат.


-Ја сметаме Атина за клучен сојузник и клучен играч во Источниот Медитеран и на Балканот. Соединетите Американски држави ќе останат посветени на поддршката на просперитетот, безбедноста и демократијата на Грција, пишува Помпео и ги повторува неговите ставови изразени додека со Мицотакис биле заедно со Грците во Америка дека ќе продложат со поддршката на Грција како лидер во Европа.

Американскиот државен секретар вели дека САД внимателно ги следи случувањата во регионот и истакнува дека оние кои имаат интереси во Источниот Медитеран треба да бараат решенија на мирен начин и „да се воздржат од било какво дејство или декларација што може да бидат провокативни”.

-Не ни треба ескалација на тензиите во регионот, туку искрен дијалог што води до резултати што го почитуваат меѓународното право, додава Помпео во писмото, пренесе МИА.

Тој го споменува и потпишувањето на договорот за заедничка одбранбена соработка меѓу двете земји и го повторува ставот на Трамп од средбата со Мицотакис дека односите меѓу САД и Грција се извонредни.

На крајот од писмото му се заблагодарува на грчкиот премиер за пријателството и додава дека ќе продолжат да го градат врз веќе успешното партнерство меѓу двете земји.

На денешниот редовен брифинг со новинарите и странските дописници, заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада Стелиос Пецас рече дека писмото е одговор до сите оние кои „побрзаа да ја дискредитираат” посетата на Мицотакис на САД.

-Во писмото, Соединетите американски држави не говорат само за обврската за решавање на разликите со мирни средства за да се избегнат провокативни чинови или декларации. Главно потенцираат, и тоа два пати во истото писмо, дека САД остануваат обврзани да ги поддржат просперитетот, безбедноста и демократијата на Грција. Покрај тоа, истакнуваат дека ќе продолжат да ја поддржуваат Грција како лидер во Европа, како клучен сојузник и како клучен играч во Источниот Медитеран и на Балканот, рече Пецас.

Портпаролот на грчката Влада додава дека е јасно е дека писмото на американскиот државен секретар потврдува дека односите меѓу Грција и САД „се наоѓаат на најдобро ниво во последните децении”.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама