Полските учители го продолжуваат штрајкот

Од:

Синдикатите на полските учители одлучија да го продолжат штрајкот откако пропаднаа денешните преговори со Владата.

Поради протестите на наставниците кои траат веќе две недели, повеќето училишта се затворени.

Министрите и синдикатските лидери се обвинуваат меѓусебно бидејќи не успеаја да ги приближат ставовите за време на двочасовните разговори. Засега нема планови за нови преговори.

Учителите бараат зголемување на платите за 30 отсто, но Владата им нуди зголемување од 15 проценти.

– Нема пари за зголемувања на платите во буџетот за 2019 година, изјави претходно министерката за образование Ана Залевска.

Штрајкот го поддржуваат голем број ученици, родители и уметници, така што синоќа, во знак на поддршка на учителите, во Варшава беше одржан рок концерт. Многу учители во Полска заработуваат помалку од касиерките во супермаркетите.

Нивните месечни примања се движат од 1.800 до 3.000 злоти (470 до 780 долари) месечно во зависност од работното искуство. Тоа е прв штрајк од таков вид во Полска од 1993 година.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски