Речиси половина милион државјани на Косово се задолжени кај комерцијалните банки, кои достигнуваат 1,8 милијарди евра, јавува Радио Слободна Европа.
Според последните податоци на косовската Централна банка, најголемиот дел од таа сум се трговски кредити, во износ од 647 милиони евра, а зад нив следуваат индивидуални кредити, кои ги вклучуваат потрошувачките и достигнуваат 517 милиони евра.
Потоа следуваат кредитите за производство, за услужна дејност, туризам, хотелиерство и ресторани, како и кредити за недвижнини. Каматната стапка варира во зависност од видот на кредитот и банката – од девет до 20 отсто.