Полицијата во Атина употреби солзавец против студентите

Од:

Атинската полиција употреби солзавец во обид да ги растера студентите кои протестираат во главниот град на Грција поради нацрт законот за образование.

За време на протестот, студентите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на парламентот на плоштадот Синтагма. Студентите фрлаа со Молотови коктели и камења, по што полицијата возврати со солзавец и шок бомби.

Демонстрантите се уште се собрани на плоштадот Синтагма.

На протестот учествуваат и ученици од основните училишта и универзитетски персонал.

Гласањето на новиот закон, иако првично беше закажано за денеска, а поради тоа и студентите одржуваат протест, се поверојатно е дека ќе се одржи утре и расправата наместо два, ќе трае три дена.

Предлог-законот воведува промени во системот за прием во високото образование, ограничено време за студирање, односно на шест години за оние што се на факултетите со четири години и осум и девет години за високото образование што трае пет, односно шест години, но и промени во бројот на поени за запишување на факултет, како и можноста за формирање универзитетска полиција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски