Полицијата употреби солзавец и водени топови врз демонстрантите на антивладиниот протест во Љубљана

Од:

Словенечката полиција денеска употреби солзавец и водени топови против демонстрантите на антивладиниот протест во Љубљана, во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ.

Стотици демонстранти денеска излегоа на протестот заради острите владини мерки против коронавирусот, а ова е трет ваков инцидент во главниот град на Словенија во последниот месец, пишуваат американските медиуми.

Словенечката полиција постави контролни пунктови и го ограничи сообраќајот и движењето недалеку од Љубљана, каде што ќе се одржи самитот.

Според полициските извештаи, приведен е водачот на протестот, а запрени се околу 30 автобуси што ги носеле демонстрантите од другите градови во Љубљана.

Полициски хеликоптер прелетуваше над центарот на главниот град, додека полицијата истрела солзавец и употреби водени топови врз демонстрантите кои се движеа низ центарот на Љубљана.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Стоп за корона фашизмот“, барајќи еднакви права за вакцинираните и невакцинираните граѓани.

Како и повеќето земји од Централна и Источна Европа, и Словенија во последните недели бележи зголемување на бројот на заразени со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски